(MK) Прирачник За Учество На Работници. ГРИН. СМАРТ. ТРАНСПОРТ. ДЕАЛ
Проект финансиран со средства од Европска унија – „Green.Smart.Transpor.Deal” (ГСТД-GSTD) своите цели ги насочува кон јакнење на транснационалната соработка помеѓу социјалните партнери со цел да се подобри учеството на работниците во акциите кои се спроведуваат во компаниите со имплементација на Европскиот зелен договор (ЕЗД) во секторот за транспорт, како и развој на овие акции на општествено одговорен начин, водејќи сметка за правата на работниците и работодавците и за животната средина.
Освен тоа, проектот ГСТД како дополнителна вредност има и постигнување на поконкретен фокус врз имплементација на ЕЗД на општествено одговорен начин, земајќи ги предвид еколошките прашања, економските интереси на компанијата и социјалните потреби на работниците во секторот за транспорт преку ефикасна соработка во имплементацијата на европските прописи што се однесуваат на имплементација на Европскиот зелен договор.